Ученици од гимназијатa и економското училиште, на посета во Општина Гостивар

Од:

Во пресрет на Новата година, учениците од СЕОУ „Гостивар“ и СОУ „Гостивар” во рамките на проектот „Мировно образование” кој во двете училишта се спроведува во соработка со Првата детска амбасада „Меѓаши”, денес го посетија кабинетот на градоначалникот Арбен Таравари.

Тие имаа за цел на градоначалникот Таравари да му ги врачат Новогодишните честитки, донација од Детската амбасада „Меѓаши“, каде што покрај убавите желби од него во новата година, побараа мерна станица за квалитетот на воздухот, повеќе културни манифестации, спортско рекреативен центар и други активности, а пред сé, учениците од гимназијата и економското училиште, посакаа мир за сите граѓани.

Во отсуство на градоначалникот поради работни обврски, учениците ги прими Сеадин Ејупи – шеф на кабинетот на градоначалникот и Јасин Демири – шеф за протокол и ПР, кои пријатно ги изненадија учениците со обиколка на целиот кабинет и презентација на работата на општинските службеници.

Откако учениците им ги врачија честитките, добија подароци од кабинетот на градоначалникот, при што изразија голема благодарност до сите вработени и до градоначалникот.

Би можело да ве интересира

Уапсен e насилник кој ја истепа својата 28-годишна сопруга

Горан Наумовски

Кривична за маж од Гостивар кој и се заканувал на сопругата

Маж од Гостивар и се заканувал на сопругата со моторна пила дека ќе ја повреди

Горан Наумовски

Најдени гранати при ископ на канал пред Основен Суд Гостивар

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента