Убивме човек, ми кажа Фуркан, а Ангела потврди, се присети сведокот

Од:

Сведокот Анета Георгиева во исказот пред судот за случајот со убиството на Пино Секондо, рече дека во декември 2018 година, дошле кај неа во 6 часот наутро Фуркан Али и Ангела Ѓорѓиевска, кои се товарат за убиството на младиот Пино Секондо. Таа се разлутила зошто ја будат толку рано, а кај неа биле приближно еден час.

По одредено време, Фуркан и’ рекол: Убивме човек Ја погледнав Ангела и она кажа, да и толку беше. Им реков озбилни ли сте? Тие рекоа, да и ја сменија темата”.

Сведокот кажа дека Ангела и Фуркан биле дечко и девојка и дека не делувале воопшто потресени кога биле кај неа.

„Двајцата беа најнормални“, рече Ѓоргиева и дополни дека не пријавила ништо затоа што не ги сфатила сериозно дека млади луѓе би можеле да направат таква работа.

Претходно сведочеше Рамиз Али, кој кажа дска бил до скопски Синѓелиќ да го собере Фуркан со девојка и дека под скалите во неговиот дом Фуркан нашол јакна под која било оставено оружје. Тој не можеше да се сети кое било женското лице кое било во возилото со Фуркан.

Дваесет и двегодишната скопјанка Ангела Ѓорѓиевска е обвинета како соучесник во убиството на тогаш 26-годишниот Секондо, настан кој се случи на 11 декември лани. По првоосомничениот Фуркан Али полицијата се’ уште трага.

Би можело да ве интересира

Мајката на Пино бара доживотен затвор за осудената: Не застанувам тука

Кристијан Ландов

Повторно досудени 19 години за убиството на Пино, адвокатот на Ѓорѓиевска тврди дека е без докази

Кристијан Ландов

Мајката на Пино по одлуката на Апелација: Вода во пустина ќе најдеш ама правда во Македонија тешко

Кристијан Ландов

Укината 19-годишната затворска казна за убиството на Пино, Апелација одлучи дека има погрешно утврдени факти

Кристијан Ландов

Соизвршителката на убиството на Пино осудена на 19-годишна затворска казна

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Судење за убиството на Пино: Притвореничката Блерта Поцеста молчеше на денешното сведочење

Искра Манојлоска