Убиството на Тот стигнува пред суд, се чека Судска медицина да каже дали бил свесен по ударите од осомничените

Од:

Предметот за убиството на ракометарот Денис Тот е во завршна фаза. Ова за „А1он“ го потврди првиот човек на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски. Тој посочува дека има индиции дека причината за убиството е место за во такси. Објасни дека се сретнал и со родителите на Тот, за кои кажа дека се разбрани луѓе кои бараат правда, ќе учествуваат во постапката, но не вршат притисоци иако случајот е меѓународен со оглед дека Тот е хрватски државјанин.

„Уште некои појаснувања треба и во однос на фактите во однос на Судска медицина во однос на свесноста на трагично починатиот по ударите. Тоа е од прилика суштината на која треба да се одговори, која е важна и за правната квалификација на кривичното дело“, објасни Бубевски за „А1он“.

Во судската постапка ќе учествува и семејството на починатиот Тот. Неговиот татко направил увид во доказниот материјал, дал свој исказ за отштетно правното побарување.

„Имајќи во предвид за каква загуба се работи, можам да кажам дека човекот не прави никакви притисоци, влијанија врз предметот. Предметот има меѓународен карактер, но не користи ни такви работи. Човекот си ја бара правдата за своето дете“, посочи Бубевски.

„А1он“ објави и детали што се случувало кобната вечер и зошто е убиен Тот. Од дружба и пиење во диското, до смртоносни боксови и клоци. Ракометарот Денис Тот од дискотеката излегол во друштво со осомничните за неговото убиство по три часа забава. Тие имале резервација, пиеле виски и Ред бул, немало расправии ниту индиција дека нешто ќе се случи. Внатре влегле околу триесет минути по полноќ, а излегуваат околу 3 часот и 30 минути по полноќ.

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на правосилната пресуда за убиството на Денис Тот

Горан Наумовски

Апелација ги потврди затворските казни за убијците на ракометарот Денис Тот

Миланов: Правната квалификација „убиство“ е спорна за сите обвинети во случајот Денис Тот

Одбраната на обвинетите за убиството на Тот од Апелација бара повторно судење

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Обвинителката за пресудата за Денис Тот: Казната е во рамки на законски предвидената казна

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) „Казните се драконски, ова е неправда“, реакции на адвокатите чии обвинети добија вкупно 52 години затвор

Кристијан Ландов