Убиство во Гостивар

Од:

Синоќа, околу 23 часот и 45 минути, на улицата Мара Угринова во близина на железничката станица во Гостивар се случило убиство и обид за убиство. Убиен е 63-годишен жител на Гостивар, а тешко е повредена 39-годишна дебранка, која по укажаната лекарска помош во гостиварската болница, поради тежината на поредите, итно е префрела во Клиничкиот центар во Скопје.

На убиството и обидот за убиство им претходела жестока вербална расправија меѓу 51 годишен жител на гостиварското село Чегране и повредената жителка на Дебар, кои подолго време биле во љубовна врска. Чегранецот од модифициран пиштол испукал еден куршум во главата на жената, а потоа и два куршума – еден во градите и еден во главата на гостиварецот, кој бил нивни познаник и се вмешал во караницата.

Повредите биле фатални за 63-годишниот жител на Гостивар, кој починал на самото место.На местото на настанот, набрзо по убистовото, пристигнал припадник на полициската станица од Гостивар, кој го совладал извршителот и тој е приведен.

По увидот на местото на злосторството, пронајден е пиштол, 3 чаури и еден проектил и тие се дадени на вештачење, а телото, по наредба на истражен судија, е предадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп