Убиство во центарот на Струга

Од:

Седумдесет и осумгодишната стружанка Милица Лазаровска денеска на пладне беше убиена во центарот на Струга. Таа беше прободена со нож пред нејзиниот дом, во близина на Стопанска банка во Струга.

Како што дознава А1 неа ја уби со неколку убоди со нож во грбот 38-годишниот Гзим Максути од селото Калишта, кој веднаш избегал од местото, но полицијата за кратко време го откри и го уапси.

Седумдесет и осумгодишната старица во критична состојба веднаш била пренесена во болница, но сепак подлегнала на повредите од неколкуте убоди со ножот.

Мотивот за ова убиство не е познат засега и полицијата го утврдува со распит на приведениот Максути.

 

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он