Убиство и самоубиство на брачен пар во Прилеп

Од:

Брачна двојка од Прилеп денеска е пронајдена мртва и според сомнежите на прилепското Јавно обвинителство станува збор за убиство и самоубиство. Станува збор за брачната двојка, 81-годишниот Мице и 76-годишната Илка Нешкоски.

Според јавниот обвинител Маријана Илиеска, случајот е пријавен од минувач кој го забележал телото на Мице Нешкоски под балконот од зграда во населбата „Димо Наредникот“.

– Телото под балконот во атриумот на зградата го пронашол случаен минувач нешто пред 12 часот, денеска напладне. Според првичните сознанија станува збор за убиство и самоубиство, зашто во станот на брачната двојка е пронајдено телото на сопругата Илка со прострелна рана во главата од пиштол, а сопругот под балконот. Истрагата е во тек, изјави Илиеска.

Според станарите брачната двојка имала мирен и добар брак. Се претпоставува дека сопругата во последно време боледувала од склероза.

Кога се случил настанот, брачната двојка била сама во станот на третиот кат во зграда од населбата „Димо Наредникот“. Живееле со синот снаата и едно внуче.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај