Убиство на Клинички Центар-жртва медицинска сестра

Од:

Вечерва е убиена медицинска сестра, врабoтена на детската клиника во Скопје. Ја убил нејзиниот поранешен дечко, роден 1992 година од село Петровец.

Двајцата претходно биле во љубовна врска. Неофицијално, неколку сведоци виделе како ја дави нa покривот, по што била повикана полицијата. Тој не дозволувал да му се приближат заканувајќи се дека ќе се фрли од покривот, додека стоел до неподвижното тело на девојката. Подоцна сепак дозволил медицинска екипа да ја провери жртвата, при што констатирале дека е задавена, а имала и траги на насилство по телото.

Полициските сили вечерва успеаа осомничениот да го симнат од покривот на клиниката и е приведен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка