Двојно убиство и самоубиство во Кисела Вода

Од:

Двојно убиство и самоубиство во скопската населба Кисела Вода. Вечерва околу 19 часот во својот дом на улицата „Георги Димитров“ во Кисела Вода, убиена е Виолета Н.

Втората жртва е пронајдена во автомобил „Опел астра“ на паркинг во близина. Засега идентитетот на втората девојка останува непознат.

Автомобилот „Опел астра“ е сопственост на вереникот на Виолета Н. и се претпоставува дека е тој извршител на двете убиства. Станува збор за 35-годишниот Кирил Ристевски, кој пукал со пиштол за кој имал дозвола.

Неговото тело е пронајдено недалеку од автомобилот, кај училиштето „Круме Кепески“ и според првичните проценки тој се самоубил.

Полицијата е излезена на терен и го испитува случајот. Трите тела се однесени на обдукција.

 

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип