Убиен полицаец во Куманово

Од:

Полицискиот службеник Г.С. (36) од Куманово почина вчеравечер во болницата во Куманово од повреди кои ги доби од нож при интервенција за приведување на лицето Е.Б. (33) од кумановската населба Средорек.

Имено, на 30.07.2016 во 21.30 часот во СВР Куманово од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека во населбата Средорек, во куќата сопственост на М.Б., лицето Е.Б. (33) физички ги нападналo и повредилo неговата мајка Р.Б. и неговата сеста Е.Б., кои биле пренесени на хируршкото одделение во болницата во Куманово. Веднаш потоа од полициската станица во болницата била упатена екипа за интервенција од двајца полициски службеници кои извршиле разговор со повредените. Од разговорот било констатирано дека се работи за лице со нарушено психичко здравје кое било многу агресивно. По насока на дежурниот во полициската станица екипата за интервенција се упатила да даде асистенција на Итната медицинска помош за обезбедување на Е.Б. и спроведување во соодветна медицинска установа. Со оглед на тоа дека се работело за агресивно лице со нарушено психичко здравје на местото на настанот била испратена уште една група за интервенција од двајца полициски службеници. На местото на настанот полициските службеници ги пречекал таткото на Е.Б. и им рекол дека е во куќата. Сите четворица полициски службеници се упатиле внатре, но поради тесниот пристап до влезот прв бил сега починатиот Г.С. , а по него останатите. Кога влегле внатре E.Б. замавнал со стаклен предмет кон нив, но никого не повредил. Во тој момент Г.С забележал дека лицето има нож и им рекол на колегите да се повлечат. На излегување Г.С им рекол на колегите дека најверојатно е повреден со нож и дека имал крв на грбот. Повредениот полициски службеник со возило на итната медицинска помош веднаш бил префрлен во кумановската болница, каде како итен случај бил примен на хируршкото одделение каде започнала реанимација на градниот кош. Меѓутоа, по кратко време Г.С. им подлегнал на повредите.

Полициските службеници кои останале на местото на настанот по кратко време го совладале лицето Е.Б. и го привеле во СВР Куманово. Во присуство на Јавен обвинител, екипа на СВР Куманово изврши увид на местото на настанот. Телото на починатиот полициски службеник е предадено за обдукција на Институтот за судска медицина.

Инаку, лекар од Медицински центар Куманово во повеќе наврати барал асистенција од полицијата при укажување лекарска помош на лицето Е.Б. Истиот подолг период престојувал во психијатриската болница Бардовци во Скопје.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски