Убиецот на медицинската сестра Дијана Здравковска доби 19 години затвор

Од:

Никола Кузмановски е прогласен за виновен за убиството на медицинската сестра Дијана Здравковска и осуден на 19 години затвор.

Сега осудениот Кузмановски се товареше за убиство на „бремена жена“, а при изрекувањето на пресудата, тој се расплака во судницата.

Убиството се случи во јануари минатата година, кога Здравковска беше убиена на покривот од Детската клиника во Скопје, по расправија со нејзиниот љубовник, Никола Кузмановски.

Дијана била во брак и имала ќерка, но била во љубовна врска со Кузмановски.

Таа била бремена, а тоа го знаеле и нејзиниот сопруг и нејзиниот љубовник.

Двајцата љубовници почнале да се расправаат кога Никола побарал од Дијана да направи ДНК анализа за да се утврди кој е таткото на бебето.

Според обвинителството, смртта на Дијана настапила со задушување со притискање и со затворање со шаката на устата и носот и повреди на вратот.

Според одбраната на обвинетиот, пак, смртта настапила како последица на кршење на черепот предизвикан од пад и со задушување. Според нив, тоа бил настан со несреќни околности.

Кузмановски сакаше да се самоубие по трагедијата, но полицијата интервенираше на време.

ФОТО: Академик

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он