Убиецот на Ангела пред суд

Од:

Убиецот на 19-годишната Ангела Димоска , во Основсниот суд во Прилеп, призна дека пукал во девојката. Но 27-годишниот Даниел Крстески, се бранеше дека тоа бил тоа било несреќен случај.

Кажа дека со Ангела се познавале два месеца, но немал врска со неа.

Крстески и Димоска на 28 јануари годинава, околу 4 часот изутрината биле во станот на неговиот татко. Девојката случајно во кеса го видела пиштолот марка „црвена застава“, обвинетиот си поиграл со оружјето, го вртел на прстот и во еден момент кога Ангела ја испружила раката да го види, тој, спред неговиот исказ, несакајќи испукал во неа во главата.

Кога во собата влегол неговиот татко, се обиделе да ја измијат и освестат со вода, но Ангела не покажувала знаци на живот.Крстески вели дека сам повикал полиција и се кае за стореното.

Пиштолот и муницијата на „црно“ биле купени за 350 евра од автопазарот во Скопје.

Крстески е обвинет за две кривични дела „убиство со умисла“ и „недозволено држење оружје“.

Досега бил осудуван и на затворска и на парична казна за кражби.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска