Убаво време до среда, потоа дожд и пониски температури

Од:

Времето претпладне е променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 21 степен.

Според прогнозата на УХМР, следува период на променливо облачно време.

-До вторник ќе се задржи стабилно и потопло. Од средината на следната седмица ќе има услови за локални врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно време со сончеви периоди за празниците

Сончево во мала облачност и темеператури до 20 степени

Темепратура до 25 степени денска, од утре повеќе облаци, во сабота повеќе дожд

Сончево и топло до 25 степени

Дожд денеска и утре, од недела потопло

Облачно со дожд, на повисоките места и снег