Уапсени се тројца возачи од Скопје и Куманово и одземени им се возилата поради возење без положен возачки испит и под дејство на алкохол

Од:

Три лица се уапсени во текот на денешниот ден, а нивните возила се одземени поради возење без положен возачки испит и под дејство на алкохол, соопштија вечерва од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска во 17:30 часот на автопатот Куманово – ГП „Табановце“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода кумановецот Б.Ѓ., на возраст од 35 години. Имено, при контрола, полициските службеници сопреле моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, што го управувал Б.Ѓ. и по извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управува моторно возило со 2,09 промили алкохол во крвта. Б.Ѓ. е лишен од слобода и е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а возилото е одземено, појаснија од МВР.

Претходно, во 13 часот на улицата „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, го лишиле од слобода скопјанецот И.Џ., на возраст од 20 години.

– При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено, додадоа од МВР.

Во 12:40 часот пак, на патот Куманово – село Липково, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода кумановецот Ш.А., на возраст од 31 година.

– При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено, наведоа од МВР.

Би можело да ве интересира

Акција на МВР во Скопје: Уапсени се 12 лица за злосторничко здружување, незаконско поседување на дрога и оружје

Полицијата ја уапси Федерика Могерини

Горан Наумовски

Полицијата уапси девет девојки од Колумбија кои биле во кафеана во гостиварското село Добридол

Горан Наумовски

Приведени се двајца од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и природата со отпад

Горан Наумовски

Судот одлучи: Нема затворски притвор за осомничените за местење тендер од 1,6 милиони евра во РЕК Битола

Горан Наумовски

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски