Уапсени се две лица во Куманово и Тетово за предизвикување на пожар

Од:

Денеска во 18.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го уапсиле С.С.(57) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување на општа опасност”.

Имено во населбата Рајкова куќа кон с.Никулски пат предизвикал пожар при што опожарени биле сува трева, патничко возило “ауди”, напуштена куќа и ниви.

Исто така во 20 часот на место викано Брест атар на с.Челопек полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода И.М.(41) од с.Челопек поради постоење основи на сомнение за подметнување на пожар.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе следи соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Шест лица се уапсени во Куманово, организираа борба на кучиња

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче