Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Од:

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ш.М. (34) и Ф.М. (37), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

„Во временски период од осум години, Ш.М. и Ф.М. од оштетено лице од Куманово, изнудувале пари, при што континуирано му упатувале сериозни закани врз неговиот и животот на неговата фамилија, со што прибавиле противправна имотна корист во вредност од 300.000 евра.

Во наведениот временски период оштетениот од Ш.М. земал 30.000 евра договарајќи се секој 1-ви во месецот да му исплаќа камата од 16%, при што до сега во повеќе наврати преку брз трансфер на пари, но и лично на Ш.М. му исплатил вкупно околу 300.000 евра.

На 04.08.2025, врз основа на претходен договор меѓу Ш.М. и оштетениот, тие се сретнале во кафе бар во склоп на бензинска пумпа во Куманово, каде оштетениот му дал на Ш.М. 2000 евра, по што Ш.М. е лишен од слобода, а при извршен преглед на лицето, кај него се пронајдени парите.

Врз основа на издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во куќа каде престојуваат Ш.М. и Ф.М., при што е пронајдена документација поврзана со кривичното дело, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Скопјанец се обидел да изнуди 16.500 евра од познаник, па бил уапсен

Горан Наумовски