Уапсени се двајца неготинци за напад врз малолетна ќерка и сестра

Од:

Двајца неготинци синоќа биле уапсени поради напад врз малолетната ќерка и сестра, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Во 23.10 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Г.З., на возраст од 50 години и В.З., на 24-годишна возраст, двајцата од овој град, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнале нивната малолетна ќерка и сестра. Г.З. и В.З. биле задржани во полициска станица, известени биле јавен обвинител, Центарот за социјални работи. По документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснуваат од СВР Велес.

Претходно, во 9.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода кавадарчанецот М.Т., на возраст од 30 години, постапувајќи по претходна пријава од неговата 30-годишна сопруга, дека во семејниот дом физички ја нападнал.

М.Т. бил приведен во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Семејна драма во Скопје: 69-годишна жена е нападната од снаата

Приведен е скопјанец кој со нож им се закануваше на сопругата и синот

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Струмичанец прво се обиде да ја отруе сопругата, а потоа со нож и нанесе повреди на вратот

Горан Наумовски

Хрват ја истепал сопругата во Скопје, па сакал да избега преку граница

Горан Наумовски