Поради сомневања за дрога, апсења во Аеродром, Центар, Ѓорче Петров, Карпош

Од:

За еден ден, полицијата нотира шест случаи во кои е пронајдена прашкаста материја и марихуана. Сите случаи се во Скопје, односно општините Аеродром, Центар, Ѓорче Петров, Карпош.

„Во 04,50 часот на подрачје на Аеродром од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Д.П.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. Во 00,50 часот на подрачје на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Ф.Р.(23) од Швајцарија, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Во 00,40 часот на подрачје на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода П.Д.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во 01,50 часот на подрачје на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Д.Т.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Евидентирани се уште два слуачи.

Во 23,15 часот на подрачје на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода 17 годишник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Во 20,45 часот на подрачје на Ѓорче Петров од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода А.Д.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена грутчеста материја“, додаваат од МВР.

По целосно документирање на случаите ќе бидат процесуирани.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи