Уапсени две лица од скопско и одземени 12 гасни пиштоли

Од:

Дванаесет гасни пиштоли биле одземени, а две лица биле приведени синоќа по претрес на автомобил „Голф“ со скопски регистерски таблици, паркиран на стадионот во Пирок.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски возилото било управувано од Е.Ј.(26) од скопско Студеничани, а во него се наоѓала и А.С.(23) од Скопје.

– Кога полицајците се доближиле до возилото Е.Ј. вперил пиштол кон нив а потоа го фрлил на земја. При преглед на возилото во багажникот биле пронајдени, а потоа фотодокументирани и одземени за вештачење 12 гасни пиштоли. Двете лица биле лишени од слобода за целосно расчистување на случајот, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец