Уапсени четворица малолетници во Скопје – со закана со нож ограбиле две деца

Од:

Четворица малолетници од Скопје се уапсени. Со закана со остар предмет ограбиле други двајца малолетници во општина Центар. Полицијата ги пронашла и украдените пари и ќе им бидат вратени на сопствениците.

„ На 06.05.2024 во периодот од 22.45 до 23.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода четири малолетници од Скопје. Тие се сомничат дека околу 22.00 часот на подрачјето на Центар со закана со остар предмет од двајца други малолетници одзеле пари.“ велат од МВР.

Со малолетниците бил извршен службен разговор,. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Поради расправија во сообраќајот, со нож е избоден маж од скопското село Арнакија

Ученик од четврто одделение извади нож во училиште во Центар, известена полицијата

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Андоновски: Македонија засега без план за ограничување на социјалните мрежи за малолетници

Две лица со закани одзеле пари од малолетничка во Скопје, физички нападнат нејзин другар

Автомобил излета од пат близу Прилеп, повредени се двајца малолетници