Уапсена сопственичка на салон за убавина, работела со шверцувани филери и средства за слабеење

Од:

Секторот за контрола и истраги при Царинската управа лиши од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина, осомничени за криумчарење медицински препарати штетни по здравјето на граѓаните.

Случајот бил откриен на граничниот премин Табановце, каде при детална контрола на комбе биле пронајдени 535 вијали со средство за слабеење и 7.400 етикети со ознаки „TIRZ 2.5 мг“ и „TIRZ 5 мг“, сокриени во постелнина.

По откривањето, возилото било ставено под контролиран надзор од мобилен царински тим и го продолжило движењето до договорената локација за преземање на пратката. Во моментот на исплата, инспекторите ја лишиле од слобода сопственичката на салонот.

По наредба на јавен обвинител бил извршен претрес во салонот за убавина, при што биле пронајдени дополнителни криумчарени медицински препарати, меѓу кои дермални филери, средства за нивно разградување, препарати за редуцирање маснотии, контурирање на лице, отстранување брчки и подмладување.

За сите пронајдени производи не постоела документација за нивната безбедност, исправност и законит увоз. Според истрагата, дел од препаратите биле рекламирани и користени врз клиенти.

Против осомничените е поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за криумчарење и за производство и пуштање во промет штетни средства за лекување.

Од Царинската управа најавуваат дека ќе продолжат со засилени контроли со цел заштита на здравјето на граѓаните, апелирајќи дека сите прекршители ќе бидат најстрого санкционирани.

Би можело да ве интересира

Спречени обиди за криумчарење лекови, над 12 тони овошје и зелечук и златен накит

ВИДЕО: Спречен шверц на 4.800 никотински кесички со вредност од 1,2 милион денари

Фирма нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки

ВИДЕО: На Дојран фатен Србин, возач на камион со 5.050 штеки цигари

Запленети над 1000 фалсификувани часовници „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ и „Томи Хилфигер“

Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо