Уапсена мајката на детето кое настрада во пожарот во Гостивар

Од:

Жената чиешто седумгодишно дете утрово го загуби животот во пожар во стан на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар, е лишена од слобода, информираат од СВР Тетово.

Од таму наведуваат дека С. Т. од Ресен веднаш по лишувањето од слобода откако ѝ е пружена медицинска помош, околу пладне задржана е во полициска станица Гостивар, под соменение дека сторила кривично дело „повреда на семејни обврски“ (член 203 став 2 од КЗ).

35-годишната жена најверојатно ќе биде задржана до утре за расветлување на поединости околу настанот, по што се очекува да биде изведена пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче