Полицијата извести дека вчера во 10 часот во Струга, полициски службеници ја уапсиле 23-годишната В.И. од Куманово.
Таа се сомничи дека претходно во трговски објект во Струга извршила кражба, при што одзела повеќе производи.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против В.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.