Уапсен внукот на Рафиз Алити

Од:

Арменд Фазлиу, внук на потпреседателот на Собранието, Рафиз Алити, е денеска уапсен во Скопје и однесен во затворот во Шуто Оризари на издржување казна затвор поради одговорност во пожарот што изби во дирекцијата на „Македонски пошти“ пред две години. Фазлиу во тој период беше шеф на кабинетот на Рафиз Алити, кој ја извршуваше функцијата директор. Судот му одреди казна затвор од две години. Од Министерството за внатрешни работи се уште не ја потврдиле оваа информација.

Апсењето на Фазлиу се случува во исто време со шпекулациите дека се формира ново крило во најголемата албанска партија, ДУИ. Случајно или не се претпоставува дека фракцијата е предводена токму од Рафиз Алити. Пред извесно време Алити во интервју за еден медиуми изјави дека се потребни реформи во ДУИ, поради што партиски извори се сомневаат дека станува збор за политичка одмазда.

Медиумите пишуваат дека во новата фракција на ДУИ влегуваат членови од военото крило. Освен Алити, наводно од партијата се одметнале Хазби Лика, Зулфи Адил, Фатмир Дехари и некои други членови кои ќе формираат нова апртија. Алити ниту ја потврди ниту ја негира оваа информација.

На прашање од новинарите изјави дека е на пат и дека нема коментар.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари