Уапсен струмичанец кој превезувал пет мигранти од Сирија

Од:

Полициски службеници вчера уапсиле струмичанец откако во неговото патничко возило пронашле пет лица мигранти од Сирија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Вчера во 19:20 часот на регионален пат 1102 с.Прдејци – с.Смоквица од полициски службеници од Полициска станица Богородица при Регионален центар за гранични работи „Југ“ е лишен од слобода Н.Г.(41) од Гевгелија, затоа што во патничко моторно возило „бмв 120“ со струмички регистарски ознаки, превезувал пет лица илегални мигранти од Сирија. Увид на местото на настанот извршила екипа од Регионален центар за гранични работи „Југ“, информираат од МВР.

Како што посочуваат од Министерството, мигрантите се сместени во Прифатно-транзитен центар Винојуг – Гевгелија за понатамошна постапка. За настанот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он