Уапсен скопски бизнисмен – проневерил 430 илјади евра

Од:

Управата за финансиска полиција заради постоење основано сомнение за сторен финансиски криминал тежок 430.000 евра го уапси С.Д. (65) од Скопје, сопственик и управител на градежната фирма „Дора“ од Скопје. Во акцијата заедно со бизнисменот уапсен е и неговиот сметководител, лицето З.С(55). Јавниот обвинител им изрече 30 дневен притвор.

Сопственикот на „Дора“ ДООЕЛ увоз – извоз Скопје, заедно со второ пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист, во периодот од 2009 – 2014 година прикажале невистинити податоци во сметководствената евиденција на правното лице „Дора“ ДООЕЛ увоз -извоз Скопје, при што евидентирале фиктивни податоци за наводни набавки на стоки и услуги со вклучен ДДВ на стоки кои никогаш не се набавени ниту платени, а по кој основ неосновано е извршен поврат на ДДВ и со тоа неосновано е намалена обврската за ДДВ во вкупен износ од 7.299.201,00 денари.

По налог на прво пријавениот С.Д (65) второ пријавениот сметководител З.С(55) во книговодството на правниот субјект „Дора“ ДООЕЛ од Скопје евидентирал непостоечки фактури од непостоечкиот и измислен коминтент „Стојан комерц“ за кој по извршените проверки се утврди дека воопшто не постои во Република Македонија.

За да се стекне со уште поголема имотна корист, сопственикот извршил и продажба на трговски стоки на разни купувачи за парични средства во готово кои ги присвоил за себе, без да изготви и достави документација во сметководствената евиденција и без притоа да пресмета и плати ДДВ во износ 9.680.796,00 денари и персонален данок на доход на износ 7.050.738,00 денари.

Би можело да ве интересира

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он