ВИДЕО: Приведен шефот на обезбедување на Бошкоски и 8 екс полициски функционери

Од:

Зоран Трајковски, шефот на обезбедувањето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, и поранешен министер за внатрешни работи, утрово е приведен под сомнение за учество во убиството на Марјан Тушевски во 2001 година.

Со Трајковски се приведени се уште осумина поранешни полициски функционери и вработени и во секторот за обезбедувањето во МВР од времето кога Бошкоски бил министер.

За убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев се осомничени тројца српски државјани Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ. Полицијата се сомнева дека тие пред 11 години го извршиле двократното убиството триесет и седумгодишниот Марјан Тушевски и дваесет и тригодишниот Кире Јанев во скопската населба Тафталиџе.

Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, се сомничи дека знаел за овие информации, но не презел ништо.

Полицијата изутринава по барањето на Основното јавно обвинителство приведе девет лица, екс вработени и функционери во МВР, меѓу кои и екс шефот на обезбедување на Бошкоски, Зоран Трајковски.

“Вкупно се осомничени 15 лица, од кои деветмина утрово се приведени од страна на полицијата. По уште шест лицата за кои постои сомнение дека биле инволвирани во убиството, се’ уште се трага. Четири лица се странски државјани, а деветмина се македонски државјани“, изјави помошник министерот за односи со јавност на МВР, Иво Котевски.

Меѓу приведените е и Сашко Јовановски, вработен во Шестата управа.

Тројцата Срби, директни извршители на убиството се во бегство и доколку биде потребно по нив полицијата најави дека ќе распише меѓународна потерница.

Недостапни за полицијата се и неколку поранешни вработени во МВР.

Убиството беше извршено на 10-ти јули додека двајцата излегувале од едно од кафулињата на улицата Атинска во скопската населба Тафталиџе.

Убијците, за кои се претпоставува дека се професионалци, со 11 куршуми го усмртиле Тушевски, а потоа со еден куршум го убиле Јанев на стотина метри подалеку додека тој се обидувал да избега.

 

„Министерството за внатрешни работи соопшти дека по барање на Основното јавно обвинителство – Скопје, а врз основа на наредба на надлежен истражен судија, изтринава уапси девет лица поради основано сомнение дека биле инволвирани во двократното убиство на Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година. По уште шест лица за кои постои сомнение дека биле инволвирани во кривичното дело се уште се трага. Од петнаесеттемина за кои беше распишана судска наредба, четири лица се странски државјани, додека останатите се македонски. Деветмина од нив биле вработени или функционери во Министерството“, велат од МВР.

Според министертсвото, согласно барањето на ОЈО и преземените мерки, тројца од осомничените се товарат дека се директни извршители на делото, додека останатите се товарат за помагање при извршување на кривично дело „Убиство“ по член 123 од КЗ на Р. Македонија.

„Како што е познато, на 10.07.2001 година, во вечерните часови, при излегување од кафулето „ЗУ“ во населбата Капиштец со огнено оружје е пукано најпрвин во правец кон Марјан Тушевски кој со 11 огнострелни повреди е усмртен на лице место, а потоа е стрелано и кон Киро Јанев во моментот кога се обидувал да избега, така што истиот на оддалеченост од 100-тина метри е усмртен со еден проектил на самото место.

Дел од вработените во МВР се товарат дека знаеле и ги помагале сторителите на убиството од самиот почеток, додека останатите преку непостапување им овозможиле непречено да избегаат. Веднаш по приведувањето приведувањето осомничените се изведени пред Истражен судија“, соопштуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

(ВИДЕО) Агитирање и летоци – нема посериозни инциденти за изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Поткуп со бонови за бензин, агитирање, закани по телефон за време на предизборниот молк

Катерина Ѓуровски

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он