Уапсен Ш.А. од тетовско Теарце, по кого беа распишани три потерници

Од:

Министерство за  внатрешни работи соопшти дека вчера е лишен од слобода е Ш.А.(40) од тетовското село Теарце, кој се барал по две централни потерници, како и една меѓународна потерница.

Една од потерниците е од Основен суд Скопје 1 поради основано сомнение дека сторил „убиство во обид” извршено на 14.08.1999 на бул. „Едвард Карделј” во Скопје кога со пиштол се обидел да го лиши од живот Џ.Б. Втората потерница, соопшти денеска МВР, е издадена од Основен суд Тетово за издржување правосилна затворска казна во траење од осум години, а за извршено кривично дело „убиство во обид” сторено на 21.07.2009 година во село Теарце кога се обидел да го лиши од живот И.И.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена