Уапсен познат скопски дилер

Од:

Македонската полиција по повеќемесечна истрага го уапси 57-годишниот Арачиновец, Зија Асани, познат скопски нарко-дилер.

При денешниот претрес во неговиот дом во Арачиново, пронајдени се 800 грама хероин, 30.000 евра и 4 луксузни автомобили.
Покрај Асани приведена е и неговата девојка која била вклучена во криминалот со недозволена трговија на наркотоици.
Според информациите на полицијата, Асани бил претходно директно вклучен во два случаи со дрога, кога кај него биле пронајдени кокаин и хероин.

Одземената дрога е предадена на понатамошно вештачење, а против Арачиновецот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Околу 800 грама хероин, 30.000 евра, една вага за мерење на дрогата, 15 куршуми различен калибар, 1 рамка за пиштол и 4 луксузни автомобили (два мерцедеса и два голфа), пронајде полицијата во домот на познатиот скопски дилер Зија Асани во Арачиново.

Заедно со Асани, полицијата ја приведе и неговата 41-годишна девојка која била вклучена во криминалот со недoзволена трговија со наркотици.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски