А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Уапсен осомничениот за вчерашното убиство во Мала Речица

by А1он04/12/2015 - 11:58106
Share0

Тетовската полиција  денеска  околу 6 часот во непосредна близина на мостот помеѓу тетовските села Пршовце и Теарце го уапсила осомничениот Џ.Х.(56) од Тетово за вчерашното убиство во Мала Речица на Хасмир Х.(43) од Лисец.

Добивај вести на вибер

Според податоците на СВР Тетово, Џ.Х. при полициската акција за негово приведување извадил пиштол и се обидел да го  употреби односно да пука кон полициските службеници, но брзо и ефикасно бил совладан и приведен во СВР Тетово.

Кај осомничениот биле пронајдени и со потврда одземени пиштол „ТТ“ од руско производство и 30 куршуми што ќе се вештачат, јави дописникот на МИА.

Во текот на денешниот ден а во координација со јавен обвинител и со соодветен поднесок Џ.Х. ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, најави портпаролот на СВР Тетово.

Убиство на Хасмир Х. се случи вчера околу 15 часот и 30 минути откако осомничениот Џ.Х. со велосипед дошол до чајџилница во тетовска Мала Речица и откако влегол внатре пред повеќе очевидци го застрелал Хасмир со еден куршум во пределот на срцето по што избегал од местото на убиството.

mvr

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Горан Наумовски23/02/2026 - 13:32

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он18/02/2026 - 16:05

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он14/02/2026 - 19:25

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски13/02/2026 - 12:4413/02/2026 - 12:45

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски07/02/2026 - 15:1507/02/2026 - 15:17

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

Предраг Петровиќ31/01/2026 - 17:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен