Уапсен маж од радовишко, предизвикал пожар кај „Раклишки чаири“

Од:

Во Полициската станица во Радовиш вчера е извршен службен разговор со Ф.Б.(70) од Радовиш. Тој се сомничи дека на 19.9.2023 во 17 часот предизвикал пожар на место викано „Раклишки чаири“, во атар на село Раклиш, радовишко, при што била опожарена сува трева, родни дрва и тополи.

„Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш, а повредени лица нема. Во службен разговор Ф.Б. го признал делото и за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице