Уапсен гостиварец поради закани кон Спасовски

Од:

Ноќеска на аеродромот во Скопје е приведен 28-годишен гостиварец кого полицијата го барала поради закани кон техничкиот премиер Оливер Спасовски. За него имало и централен распис од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар. Од МВР информираат само дека му е поднесена кривична пријава.

„Пред четири дена против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело загрозување на сигурноста, предвидено во член 144 став 4 од Кривичниот законик. М.М. се сомничи дека преку социјалните мрежи упатувал закани односно ја загрозил сигурноста на функционер на Владата на Република Северна Македонија“, информираат од МВР.

Тој е задржан во полициската станица Гостивар и ќе биде изведен пред судија во претходна постапка во Основниот суд Гостивар.

Инаку, според Кривичниот законик, пропишаната казна за делото за кое го товарат е парична или затвор до шест месеци.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски