Уапсен е кавадарчанец кој и се заканувал на сопругата

Од:

Кавадарчанец е уапсен синоќа, откако бил пријавен дека се заканувал по живот на сопругата па бил агресивен кон полицаец.

– Синоќа во 20.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци лишиле од слобода 39-годишен кавадарчанец, затоа што агресивно се однесувал и спречувал полициски службеник при извршување службени дејствија, а претходно од страна на неговата 35 – годишна сопруга било пријавено дека во семејната куќа во градот и упатувал сериозни закани по живот. За настанот бил известен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.

Вчера во Полициската станица Кавадарци, Ш.А.(37) од кавадаречко село пријавила дека била физички нападната од Е.М. од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак