Уапсен 23-годишен скопјанец осомничен за учество во ИД во Сирија

Од:

Министерството за внатрешни работи го лиши од слобода С.Ф. (23) од Скопје по кого трагаше од август годинава. Во рамки на акцијата „Ќелија“ против него е поднесена кривична пријава за кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации“.

На пријавениот од надлежниот суд во отсуство му беше изречена мерка притвор. Според сознанијата, пријавениот пролетта оваа година бил припадник на т.н. исламска држава во Сирија. Тој и претходно бил познат сторител на насилни имотни кривични дела.

Оперативната акција „Ќелија“ беше реализирана на почетокот на август годинава како резултат на повеќемесечна координирана истрага во која беа собрани докази за лица кои учествувале во паравоени формации, во собирање финасиски и други логистички средства за потребите на паравоени формации, како за врбување и поттикнување лица да се приклучат во паравоените формации.

Исто така, беа собрани и докази за сокривање лица кои веќе учествувале во паравоени формации надвор од територијата на РМ или, пак, се обиделе во тоа. Во рамки на акцијата беа извршени 28 претреси во Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово и Струга, беа запленети поголема количина технички средства (компјутери, лаптопи, таблети, мобилни телефони…).

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена