Уапсен 23-годишен Македонец во Хрватска, осомничен е за шверц на осум турски државјани

Од:

Загреб, 12 август 2023 (МИА) – Сплитско-далматинската полиција уапси 23-годишен Македонец на подрачјето на Врлика, обвинувајќи го за шверц на осум турски државјани.

Возило во кое внатре билр осум турски државјани било сопрено од полицијата во петокот на подрачјето на општина Врлика, при што се покажало дека патниците илегално влегле во Хрватска.

Осомничениот, кој управувал со автомобилот, се товари дека од личен интерес им помагал на странски државјани во противзаконски движење откако ги презел на подрачјето на Врлика откако тие илегално влегле на територијата на Хрватска.

Од полицијата наведуваат дека кон странските државјани постапувале согласно Законот за странци, додека 23-годишниот со кривична пријава е во притвор.

Би можело да ве интересира

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Уапсен е Жељко Керум, полицијата приведе и негови соработници

Горан Наумовски

Апсења во Ротердам, Ајндховен и Алкмар: Тинејџер и малолетни се осомничени за тероризам

Мароканец почина во Болоња додека полицајци го апсеа

А1он