Твоја партија: Македонија не е на списокот за Фајзер вакцини преку Ковакс

Од:

Твоја партија ја прашува Владата зошто нашата земја не е влезена во распределбата на Фајзер вакцини за првото тромесечје преку Covax/Gavi системот. Рокот за аплицирање за овие вакцини преку Covax/Gavi системот бил до 18 Јануари 2021 посочуваат од партијата.

„Дали е испочитуван рокот? Доколку е аплицирано навремено, кој е условот кој го немаме исполнето? За Босна и Херцеговина преку истиот систем за првото тромесечје се доделени 23.400 Фајзер вакцини“ – се вели во соопштенето од Твоја партија.

Од партијата потсетуваат дека Covax/Gavi е транспарентен систем. Од таму велат дека одговорот за причината поради која не сме влезени во глобалната распределба преку Covax/Gavi системот на 1.200.000 Pfizer вакцини за првото тромесечје е јавна информација и бараат истата јавно да биде обелоденета.

Во прилог на нивнте тврдења од Твоја партија го посочуваат и линкот:

https://www.gavi.org/sites/default/files/covid/covax/COVAX-Interim-Distribution-Forecast.pdf

Би можело да ве интересира

Реакција од Твоја партија за проектот Александропули

Твоја партија бара Владата да ги објави понудите и договорите со сите производители, за да се утврди виновникот во неуспехот со вакцините

Твоја Партија ги осудува изјавите на Груби, Бектеши и Касами за вработување Албанци и двојазичност во приватните компании

Жарко Настоски