Твоја партија ја прашува Владата зошто нашата земја не е влезена во распределбата на Фајзер вакцини за првото тромесечје преку Covax/Gavi системот. Рокот за аплицирање за овие вакцини преку Covax/Gavi системот бил до 18 Јануари 2021 посочуваат од партијата.
„Дали е испочитуван рокот? Доколку е аплицирано навремено, кој е условот кој го немаме исполнето? За Босна и Херцеговина преку истиот систем за првото тромесечје се доделени 23.400 Фајзер вакцини“ – се вели во соопштенето од Твоја партија.
Од партијата потсетуваат дека Covax/Gavi е транспарентен систем. Од таму велат дека одговорот за причината поради која не сме влезени во глобалната распределба преку Covax/Gavi системот на 1.200.000 Pfizer вакцини за првото тромесечје е јавна информација и бараат истата јавно да биде обелоденета.
Во прилог на нивнте тврдења од Твоја партија го посочуваат и линкот:
https://www.gavi.org/sites/default/files/covid/covax/COVAX-Interim-Distribution-Forecast.pdf