Твитер: Нова дубара од Жерновски: Баба му се уште му дава по сто денари, а тој не ги пријавил во Антикорупциска

Од:

Твитер заедницата коментира за линчот кој деновиве се прави за кандидатот за градоначалник на центар, Андреј Жерновски.

„Покрај големите број на дубари што Жерновски ги има направено а ДПМНЕ дознаено за нив, Твитер заедницата влезе во потрага по поексклузивни далавери кој самиот тој ги правел до сега, а притоа никој ги немал приметено“, напишаа твитерџиите.

Еве неколку од нив:

-Мајка му на Жерновски имала болки при породување. Каков е тој човек што малтретира родилка?!?!
-Жерновски не го вади USB-то сејфли.

Screenshot_7

-Името на Жерновски почнува на истата буква како и името на Хитлер. Гласот даден за Жерновски е глас даден за фашист.
-Жерновски никогаш не давал лист од тетратка, лажел дека му е помината средината.

Screenshot_6

-Жерновски поддржал колективно бегање од час по историја кога се обработвал античкиот период.
-Жерновски еднаш на роденден кај другарче побарал негазиран сок.
-Жерновски не ја споделил сликата со молитвата и не го бакнал мониторот. Глас за Жерновски е глас за неверникот.

Screenshot_5

-Жерновски наопачки е Иксвонреж што на антички значи ‘предавник’.
-Жерновски е христијанин. Ѓаволот е дел од христијанството. Значи глас за Жерновски е глас за Ѓаволот!
-Жерновски некому кажал дека ќе го бара од понеделник за да пијат кафе и стварно го побарал.
-Жерновски вратил касети во видеотека непремотани! Не еднаш. ДВАПАТИ!

Screenshot_4

-Жерновски на Фејсбук, под ниту една слика од жена му нема искоментирано “Најубава”.
-Жерновски уште има маус со топче.
-Жерновски правел муабет со шоферот у ЈСП и се потпирал на вратата!
-Жерновски има влезено во продавница со македонски сувенири и ништо нема купено од неа.
-Жерновски никад немал ситно на каса.
-Жерновски на Велигден се нема заљубено.

Screenshot_3

-Жерновски рогал кога играле без рогање.
-Жерновски не верува дека фатениот крст за водици може да ти донесе среќа.
-Жерновски нема одено на коледе.
-Жерновски има носено упаљач на места каде што не се пуши.
-Жерновски ги нема прочитано сите лектири за време на летниот распуст.
-Жерновски никад не бил во Претор за време на летниот одмор.

Screenshot_2

-Жерновски иако имал вошки, никад не спиел на покрив.
-Жерновски бил на одмор во Грчка, и кога го прашале од каде е, рекол од Македонија, каков провокатор
-Жерновски има завршено курс за градонначалник
-Жерновски го нема поправеено кецот по ликовно, а не па Центар

Screenshot_1

-Баба му се уште му дава по сто денари, а тој не ги пријавил во Антикорупциска
-Жерновски се потпишал на клупата во средно и не ја пријавил во имотниот лист

Можете да ги следите на #жерновски

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември