А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Туск во Македонија за бегалската криза

by А1он02/03/2016 - 08:35112
Share0

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска ќе ја посети Република Македонија, како дел од неговата агенда за изнаоѓање начин за менаџирање и решавање на бегалската криза.

Добивај вести на вибер

Туск, како што најави неговиот кабинет, во Скопје ќе се сретне со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

– Во фокусот на разговорите на претседателот Иванов и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ќе бидат напорите за постигнување на заедничко европско решение за бегалската криза, како и процесот на евроинтеграција на Република Македонија, соопшти Кабинетот на Иванов.

Предвидено е најнапред да се одржи тет – а – тет  средба на Иванов и Туск, а потоа пленарен состанок на двете делегации.

Првиот човек на Евросоветот до 3 март, покрај Скопје, ќе ги посети и Виена, Љубљана, Загреб и Атина. Целта на оваа негова мини турнеја, според соопштението од Советот на ЕУ, е „градење на европски консензус за справување со миграциската криза и подготовка на Самитот со Турција закажан за 7 март во Брисел и Самитот на Европскиот совет на 17-18 март“.

Од кабинетот на Доналд Туск соопштија дека челникот на Европскиот совет исто така ќе се сретне и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и со извршниот директор на Фронтекс, Фабрис Легери и тоа во петок (4 март) во Брисел.

Посетата на Туск на земјите низ кои се протега западнобалканската мигранстка рута е во контекст на неодамнешната одлука на Самитот на Европскиот совет да се врати ситуацијата кога сите членки на Шенген зоната „целосно ќе го применуваат Шенгенскиот граничен кодекс и ќе одбијат влез на надворешните граници на државјани на трети земји што не ги исполнуваат условите за влез или кои не доставиле барање за азил и покрај тоа што имаа можност да го сторат тоа“.

– За реставрацијата на целосното функционирање на Шенген зоната ќе биде потребно време и тоа мора да биде придружено од мерки за решавање на хуманитарните последици за земјите-членки што се погодени, како со хуманитарна помош за сириските бегалци и за земјите од соседна Сирија, се наведува во соопштението на Европскиот совет по повод посетата на Туск на земјите од Западен Балкан.

begalci

Би можело да ве интересира

Турција се плаши од хаос и бран бегалци од Иран

Горан Наумовски08/03/2026 - 13:3508/03/2026 - 13:35

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Во буџетот нема пари, за првпат во историјата, утре 15 декември се затвора Трезорот

Горан Наумовски14/12/2025 - 11:0714/12/2025 - 11:19

Напнатости во Полска: Нов закон за бегалци, зголемени напади врз Украинци

Горан Наумовски21/09/2025 - 14:3821/09/2025 - 15:41

Би-Би-Си: Во Европа нема повеќе место за бегалци од Украина

Горан Наумовски08/08/2025 - 14:13

САД: Украински бегалци по грешка известени дека мора веднаш да ја напуштат земјата

Горан Наумовски05/04/2025 - 20:44

Во Македонија регистрирани 201 Украинец, азил побарала само мајка со три малолетни деца, но се премислила

Маја Илиевска-Пачемска31/05/2022 - 14:4331/05/2022 - 14:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен