Туск утре во Скопје на средба со Иванов

Од:

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, утре ќе ја посети Република Македонија. Тој во Скопје ќе има средба со Ѓорге Иванов на која, според најавите, ќе се разговара за мигрантската криза, улогата на Македонија во справувањето со неа, како и за политичката состојба во Македонија.

Иванов, како што информира неговиот кабинет, освен за актуелните состојби со мигрантската и бегалската криза, улогата на Македонија и состојбите во регионот, ќе го запознае Туск и со политичката ситуација во земјата, а ќе се разговара и за европската перспектива на регионот.

Посетата на Македонија на првиот човек на ЕУ се реализира во пресрет на се почестите предупредувања од нов бран бегалци, како и во контекст на се посилните тензии меѓу ЕУ и Турција за прекин на договорот за мигрантите. Најавите од страна на турскиот претседател Ердоган за прекин на приемот на мигранти, претставува голема закана за Европа, пред се, за балканските држави, што е причина за алармирање на Европската Унија.

Ова е трета посета за две години на Туск на Република Македонија. На последната средба во март 2016 година, Туск и Иванов дискутираа за постигнување заедничко европско решение за бегалската и мигрантската криза. На тогашната средба, Иванов предупреди за илегалната миграција и насилното влегување во Македонија и беше дециден дека Република Македонија нема да дозволи зголемување на безбедносните ризици од мигрантската криза. Тој тогаш порача дека Македонија ќе ги преземе сите активности за заштита на државните граници и за зачувување на националната безбедност.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Туск: Полска ќе се приклучи на европскиот систем за воздушна одбрана

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска