А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Туск утре доаѓа во Македонија поради бегалската криза

by А1он01/03/2016 - 09:4801/03/2016 - 12:28111
Share0

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск утре ќе ја посети Република Македонија, како дел од неговата агенда за изнаоѓање начин за менаџирање и решавање на бегалската криза.

Добивај вести на вибер

Туск, како што најави неговиот кабинет, во Скопје ќе се сретне со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Првиот човек на Евросоветот од денеска до 3 март, покрај Скопје, ќе ги посети и Виена, Љубљана, Загреб и Атина. Целта на оваа негова мини турнеја, според соопштението од Советот на ЕУ, е „градење на европски консензус за справување со миграциската криза и подготовка на Самитот со Турција закажан за 7 март во Брисел и Самитот на Европскиот совет на 17-18 март“. Од кабинетот на Доналд Туск соопштија дека челникот на Европскиот совет исто така ќе се сретне и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и со извршниот директор на Фронтекс, Фабрис Легери и тоа во петок (4 март) во Брисел.

Посетата на Туск на земјите низ кои се протега западнобалканската мигранстка рута е во контекст на неодамнешната одлука на Самитот на Европскиот совет да се врати ситуацијата кога сите членки на Шенген зоната „целосно ќе го применуваат Шенгенскиот граничен кодекс и ќе одбијат влез на надворешните граници на државјани на трети земји што не ги исполнуваат условите за влез или кои не доставиле барање за азил и покрај тоа што имаа можност да го сторат тоа“.

– За реставрацијата на целосното функционирање на Шенген зоната ќе биде потребно време и тоа мора да биде придружено од мерки за решавање на хуманитарните последици за земјите-членки што се погодени, како со хуманитарна помош за сириските бегалци и за земјите од соседна Сирија, се наведува во соопштението на Европскиот совет по повод посетата на Туск на земјите од Западен Балкан.

Од кабинетот на Доналд Туск соопштија дека челникот на Европскиот совет исто така ќе се сретне и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и со извршниот директор на Фронтекс, Фабрис Легери и тоа во петок (4 март) во Брисел.

begalci

Би можело да ве интересира

Би-Би-Си: Во Европа нема повеќе место за бегалци од Украина

Горан Наумовски08/08/2025 - 14:13

САД: Украински бегалци по грешка известени дека мора веднаш да ја напуштат земјата

Горан Наумовски05/04/2025 - 20:44

Во Македонија регистрирани 201 Украинец, азил побарала само мајка со три малолетни деца, но се премислила

Маја Илиевска-Пачемска31/05/2022 - 14:4331/05/2022 - 14:44

Влада: Преземени првите мерки за прифаќање на украинските државјани

А1он02/03/2022 - 16:28

Заврши престојот во Македонија за уште 43 граѓани на Авганистан

А1он30/11/2021 - 16:23

Македонија со спасувачка мисија за уште 97 граѓани од Авганистан, активисти на НДИ

А1он05/10/2021 - 16:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен