(ВИДЕО) Туск: Историјата на Балканот е како хорор филм, што може среќно да заврши

Од:

Доаѓам со јасна порака дека цврсто се залагаме за европска перспектива на регионот, и ова не се празни зборови туку факт, порача претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој беше почесен гостин на Процесот Брдо-Бриони.

– По комунистичкиот режим немав сомнеж на која страна треба да тргнат граѓаните, но овој избор само вие можете да го донесете, со целосна поддршка на вашите пријатели од ЕУ. На состанокот разговаравме за поврзаноста на регионот со ЕУ, но и на државите меѓу себе. Историјата на Балканот која личи на хорор филм што никогаш не завршува, сепак може да има среќен крај. Она што го гледам со Кореја и со Западен Балкан е дека невозможното станува возможно, рече Туск.

Што се однесува до гаранцијата дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, Туск порача дека ја има целосната негова поддршка, но за ова како што рече тој потребен е консензус во Советот.

– Ако сте успешни во решавање на спорот со името, тоа е знак на охрабрување за вас и вашите граѓани, но и стимул за регионот кој вели дека најтешките предизвици можат да се решат, рече Туск и додаде дека е импресиониран од ангажманот и позитивниот став во Скопје.

Би можело да ве интересира

Туск: Полска ќе се приклучи на европскиот систем за воздушна одбрана

Горан Наумовски

Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони утре во Скопје

Катерина Ѓуровски

Милановиќ: Бугарија поставува невозможни услови, навлегува во интимниот простор на Македонците

Жарко Настоски

Лидерите од Западен Балкан со заедничка декларација: Итно да почнат преговори со Скопје и Тирана

Жарко Настоски

Заврши пленарната средба на лидерите од Западен Балкан на Брдо кај Крањ

Пендаровски: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи во пост-ковид Европа