Лицето Седат Пекер, за кого ВМРО-ДПМНЕ објави дека добил македонски пасош со лажен идентитет, а премиерот Зоран Заев рече дека бил протеран од Македонија бидејќи се барал за сторен криминал во Турција, ги негира ваквите тврдења.
Неговиот демант ви го пренесуваме во целост:
„Официјално известување до јавноста во Северна Македонија,
Поради здравствени проблеми причинети од вирусот ,,Ковид19“ не можев да одвојам време за обработка на мојата дозвола за престој во Северна Македонија во која престојував. Со образложение дека не можам да престојувам во Северна Македонија повеќе од 90 дена без виза, заедно со сопругата и малите ќерки кои исто така престојуваа со мене, бевме протерани од државата на границата со Косово, на нехуман и крајно непрофесионален начин од страна на стотици полицајци (Имам дозвола за престој во Косово).
Иако имаше многу лажни и неосновани вести објавени на различни портали и медиуми, лично за мене, кои ја нарушуваа мојата чест и углед, јас не одговорив на ниту еден. Сепак, во последните 2 дена има извештаи и вести, за лажен пасош со моја слика и туѓ идентитет. Пасошот наводно бил подготвен 5 дена откако јас напуштив Македонија.
Како што секој лаик знае, при добивање и изработка на патна исправа – пасош, се изведува скрининг на очите. Покрај тоа, потребни се потписи и отпечатоци од прсти. Сепак, не е можно да имам пасош бидејќи во тоа време лично јас бев во друга земја. Го немам добиено гореспоменатиот пасош. Ниту сум аплицирал за таков пасош, ниту сум го користел. Сега сум во Африка, работам тука на бизнис проекти, со мојот идентитет и мојата патна исправа.
Исклучително е нелегитимно политичките партии преку медиумите во земјата да го злоупотребуваат моето име, без судска одлука за мене, во меѓусебното ривалство.
Сега лесно можам да разберам дека оние што го имаат овој пасош, кој нема отпечаток од прст, скенирање на очите или потпис, се подготвени таму; Тие го креираа сето ова, за да состават ,,игра,, против мене. Ги поканувам политичарите кои го искористија овој инцидент, што не може да биде правно издржан според законот, да бидат совесни. Ќе ми биде драго доколку ја објавите оваа изјава, која ќе ви ја испратат моите адвокати, како преведен текст од турски на македонски јазик“.