А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Турскиот амбасадор Шолендил го осуди терористичкиот напад во Анкара

by А1он14/03/2016 - 12:12252
Share0

Турскиот амбасадор во Република Македонија, Омур Шолендил јавно го осуди терористичкиот напад во Анкара и изрази сочувство на загинатите и брзо заздравување на ранетите лица.

Добивај вести на вибер

За време на денешниот престој во Битола каде се одбележаа 117 години од дипломирањето на основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк, амбасадорот Шолендил рече дека возвишената турска нација ќе го сочува единството и континуитетот.

– Го осудувам теророт кој синоќа во нашиот главен град го покажа своето грдо лице. Возвишената турска нација и држава ќе опстанат, ќе го продолжат својот континуитет и ќе го сочуваат единството. Нема простор за отстапување. Времето е време на единство и солидарност. На загинатите во овој терористички акт им изразувам длабока почит, а на ранетите што побрзо заздравување, истакна Шолендил.

На одбележувањето на годишнината од дипломирањето на Ататурк, амбасадорот Шолендил рече дека Воената гимназија во Битола основана во 1850 година е училиште од кое произлегле високи воени личности како во османлискиот период, така и при основањето и развивањето на Република Турција.

– Оваа држава, овој град Битола и оваа воена гимназија оставиле голем белег при формирањето на идеалите за време на поставувањето на темелите на Републиката, како и главната идеја на Кемал Ататурк, а тоа е основата на современите цивилизации, посочи Шолендил.

На настанот се обрати и Ур Угур Шахин, бригаден генерал на турските воени сили од Генералштабот на Турција, кој говореше за традиционалните врски и соработка со македонската Армија, а генерал мајор Мухамед Рацај, заменик началник на Генералштабот на АРМ, потсети на поддршката и донациите што од Армијата на Република Турција се доделени на АРМ.

– Соработката меѓу армиите на двете држави е голема и посебно се заблагодарувам за несебичната помош и донации кои турската армија ги додели на АРМ, а тоа е школување на старешинскиот кадар во турските воени центри изведено според највисоки стандарди. Се заблагодарувам на неизмерната помош што Турција и ја пружа на Македонија за што побрзо зачленување како полноправна членка на НАТО, нагласи генерал мајор Рацај.

diplomatijaturcija

Би можело да ве интересира

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 14:28

Фидан: Израел провоцира конфликти, спроведувајќи експанзионистичка агенда

Горан Наумовски08/03/2026 - 18:39

Турција се плаши од хаос и бран бегалци од Иран

Горан Наумовски08/03/2026 - 13:3508/03/2026 - 13:35

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

Горан Наумовски04/03/2026 - 13:05

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Горан Наумовски03/03/2026 - 10:07

ВИДЕО: Турски воен авион се урна на автопатот Измир-Истанбул

Катерина Ѓуровски25/02/2026 - 09:2625/02/2026 - 09:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен