Турски државјанин загина во сообраќајка на автопатот Тетово – Гостивар

Од:

Дваесет и двегодишен турски државјанин денеска загина во сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Гостивар.

Како што соопштија од МВР, патничко моторно возило марка „Алфа ромео“ со гостиварски регистарски таблички, управувано од турскиот државјанин Б.O.А. (20) излетало од коловозот и се превртело. Во несреќата, на пат кон тетовската болница починал сопатникот во возилото турскиот државјанин Т.У. (22), додека пак возачот Б.А. и вториот сопатник во возилото, исто така турски државјанин, Ч.М.Х. (20), се здобиле со тешки телесни повреди.

По укажаната прва помош во тетовската Клиничка болница, тие двајцата итно се префрлени во клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје. На местото на настанот во тек е увид раководен од надлежен Јавен обвинител од ОЈО Тетово.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он