Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Од:

На локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, синоќа во 23 часот полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го уапсија Ф.С.(46) од Република Турција, кој превезуваше мигранти.

– При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција, велат од МВР.

Лицето е приведено и задржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и нема потреба да интервенира во Ормутскиот теснец

„Хуриет“: Загубите на американската авијација пресуди за исходот од војната

Болат: НАТО не е обврзан да ѝ помогне на Америка во војна

Најмалку шест лица загинаа во судир меѓу миксер за бетон и минибус во Турција

А1он

Лидерот на „Ватан“ објави платформа за излегување на Турција од НАТО