Турски државјанин пренесен на Клиника со тешки изгореници

Од:

Триесет и деветгодишен турски државјанин вчера се здобил со тешки изгореници во пределот на главата, со кои се здобил од струен удар, додека работел во зграда во Аеродром.

-Од Комплекс клиники “Мајка Тереза“ во СВР-Скопје било пријавено дека кај нив со возило на Итна медицинска помош бил донесен турскиот државјанин Х.Ј.(39) со привремен престој во Р.Македонија. Имено, додека Х.J. извршувал работи во зграда во општина Аеродром, од настанат струен удар се здобил со тешка телесна повреда (изгореници од трет степен во пределот на главата), информираат од МВР.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а со случајот запознат бил и Државниот инспекторат за труд.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип