Турската заедница во Македонија згрозена и разочарана од случувањата

Од:

„На денот кога во Македонија се изгуби значењето на зборот демократија, кога беа прекршени многу етички и законски загарантирани права на пратениците и медиумите за да можат непречено да ја извршуваат својата работа, видовме група на пратеници видно возбудени и воодушевени од теророт кој се случуваше во сообранисиките седници“, велат во писмото до медиумите од Турската заедница во Македонија.

Згрозени и разочарани од овие случувања, велат, изразиме револтот и загриженоста за нашата добросостојба и иднината на нашата земја. Посебно го осудуваме чинот на протерувањето на новинарите од собраниската галерија и нивно оневозможување да си ја извршуваат својата со устав загарантирана работа. Бевме сведоци на брутално протерување на пратеници од своите работни места и сметаме дека начинот на кој беше извршено е нечовечно. Ги осудуваме непознатите структури кои беа во улога на обезбедување и ги туркаа и влечеа пратениците, а посебно начинот на кој беше исфрлена пратеничката Радмила Шеќеринска која веќе беше повредена. Се прашуваме, кога тоа може да им го направат на пратеници кои имаат имунитет и се на повисоко политичко и општествено ниво во државата, што сè може да му направат на обичниот народ.

Турската заедница во Македонија, важи за пример за соживот меѓу народите, ние како општество секогаш застануваме на браникот на демократијата, водени од принципите и идеологијата за соживот меѓу граѓаните.

ТДП, партијата на турците која е во владеачката коалиција, од 2002-2006 и од 2006-2008 беше дел од владата на Република Македонија предводена од СДСМ, во која пратеничката Радмила Шеќеринска беше подпретседател на Владата. Претседателот на пратијата Кенан Хасипи во овој период ја делеше идеологијата на СДСМ.

Два дена по суспендирањето на демократијата во Македонија, пратеникот Кенан Хасипи и министерот Хади Незири сеуште не ги осудиле овие настани. Поради тоа, преку ова отворено писмо, ги прашуваме дали се радуваа кога пратеничката Радмила Шеќеринска беше влечена по под и дали ги поддржаа насилничките структури кои ги избркаа пратениците од своите работни места, дали личните интереси се побитни од чувствата и човечките морални вредности.

Ние како дел од турската заедница, се гордееме што голем дел од турците во Македонија се на страната на демократијата, што го покажаa и лидерите на двете турски партии во Македонија, Партијата за Движење на Турците, на проф. д-р. Аднан Ќахил и Движењето за Национално Единство на Турците, на пратеникот Ердоган Сарач, кои застанаа во одбрана на демократијата и човечноста.
Турската заедница во Македонија е горда што е дел од ова општество и им дава полна подршка на нашите лидери кои се борат за демократска и европска Македонија.

Пратенику Хасипи, Ве повикуваме да се одважите и заедно со министерот Незири да дадете изјава, дали ги подржувате овие немили настани, дали ги осудувате како голем дел од граѓаните од сите националности на Република Македонија или повторно ќе останете неми сведоци и ќе си ги заштитите личните интереси.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

Првомајскиот протест ќе биде со барања упатени до новата влада

А1он

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод