Турска заедница: Изјавата на Ивановски е говор на омраза

Од:

Здружението на истомисленици на Ататурк во Македонија, најостро реагира на изјавата на министерот Иво Ивановски, со која велат длабоко ги навредил чувтствата на сите Турци кои живеат во Македонија.

„Изјавата  на министерот :„Доста ни беше 500 години турско ропство“, дадена пред симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, местото каде таткото на модерна Турција , Кемал Ататурк, ја заврши Воената гимназија, е говор на омраза, насочен кон граѓаните од турската заедница, кои плаќаат данок за да може министерот да земе плата“, стои во реакцијата.

Не споиме, велат, дека треба да се поттикнат македонските медиуми да создаваат  домашна продукција на сметка на странската, но ова не го оправдува односот на министерот.

„Турската заедница е згрозена од стереотипот, промовирана од јавни личности  дека само  Османлискиот период се означува како турско ропство. Бараме од Владата, во име на соживотот, да се огради од изјавата на министерот Иво Ивановски, а тој јавно да се извини“, бара Здружението на истомисленици на Ататурк.

Би можело да ве интересира

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција

Фидан: Израел провоцира конфликти, спроведувајќи експанзионистичка агенда

Турција се плаши од хаос и бран бегалци од Иран

Горан Наумовски

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

ВИДЕО: Турски воен авион се урна на автопатот Измир-Истанбул

Катерина Ѓуровски