Делегација од општина Сакарија, која се наоѓа во непосредна близина на Истанбул, по денешната посета на општината Новаци и по средбата со градоначалникот Љубе Кузманоски, соопшти дека имаат јасна намера за инвестирање во Македонија.
– Инвеститорите од Турција се заинтересирани за вложување во општина Новаци и тие токму кај нас може да ја реализираат својата бизнис идеја, изјави градоначалникот Кузманоски по средбата со делегацијата од Сакарија.
Станува збор за инвеститори кои членуваат во здружение на земјоделци, претставници од една фирма кои сакаат да закупат 8-10 хектари во индустриската зона во која ќе донесат да работат уште 10-тина други фирми.
– Заинтересирани се за отворање на капацитети за преработка на гума и каучук, засадување на лешници и ореови плантажи. Јас ги информирав дека во тек е постапката за профункционирање на индустриската зона затоа што е локацијата епроменета и треба да се направи инфраструктура, посочи Кузманоски.
Од општина Новаци информираат дека ова се само првични контакти кои понатаму ќе се негуваат се до овозможување на услови за реализација на оваа инвестиција која ке отвори нови работни места и локален економски развој.
– Не е исклучена можноста и од збратимување на општина Новаци со сродна турска општина, потврди градоначалникот Кузманоски.