Екипа на Телевизија 24 повторно нападната на протестите „За заедничка Македонија“. Екипата била туркана и влечена со цел да известува од денешните протести на иницијативата.
Од телевизијата велат дека туркањето и влечењето биле поттикнати од организаторите и алармираат дека не престануваат вознемирувањата и тензиите кон нив како медиум.